Расте цената на житата

13.05.2014 09:33

Временските услови се добри за есенските посеви. Земјоделците очекуваат високи приноси, а и цената на пченицата на светските берзи е поголема...

Во април, цената на житата на берзите во Европа бележи зголемување.
 
Причина се состојбите во Украина и нередовното снабдување со пченица од црноморскиот регион.
 
Истовремено е зголемена и побарувачката на американските жита.
 
Минатиот месец пченицата на берзата во Нови Сад чинела 11,5 а најскапа  била во Болоња со 13,5 денари за килограм. Кај нас може да се најде за 13 денари. 
 
Годинава со пченица се насеана скоро 95.000 хектари, приближно како и лани и се очекува подобар квалитет на родот.
 
Агрономите сметаат дека приносите ќе бидат поголеми во подрачјата со врнежи до крајот на мај кога се најпотребни за нејзиниот развој.
 
Методија Трајков