здравје

Здравствени придобивки од консумирање на батат

08.05.2023 10:14

Може да ги задоволи дневните потреби за исхрана зошто е богат со јаглехидрати, витамини (А, Ц, Е, Б6) и минерали (калиум, железо, магнезиум)...

Благиот компир или батат е високоенергетски производ кој содржи многу малку масти. Може да ги задоволи дневните потреби за исхрана зошто е богат со јаглехидрати, витамини (А, Ц, Е, Б6) и минерали (калиум, железо, магнезиум).

Исто така содржи големи количини на бета-каротин кој често се нарекува и провитамин А, зошто организмот во зависност од потребите, го претвора во витамин А. Бета каротинот го стимулира функционирањето на имунолошкиот систем.

Слаткиот компир е богат со антиоксиданти што се борат со канцерот.

Високиот состав на растителни влакна во бататот всушност е одличен за лошиот холестерол (ЛДЛ), со што се превенираат кардиоваскуларните болести. Богат е и со калиум што на организмот му помага во одржувањето на здрав крвен притисок.

Бататот дава одлична поддршка на дигестивното здравје, со што превенира констипација и сериозни заболувања како што е канцерот на дебелото црево. Помага во намалувањето на шеќерот во крвта особено кај луѓе што боледуваат од дијабетес тип 2.

Благиот компир содржи многу скроб а малку масти, па, добар е за деца, спортисти и дијабетичари, зошто дава енергија а не дебелее.