Најмалку четворица повредени во судар на воз и автобус на патот Штип- Велес

13.05.2014 09:37

Од штипската болница информираат дека кај нив се донесени четири повредени лица во несреќата, а од полицијата најавуваат повеќе детали во текот на денот.

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово меѓу шинобус-воз и автобус во близина на бензинската „Мики петрол“ на патот Штип-Велес.
 
Од штипската болница информираат дека кај нив се донесени четири повредени лица во несреќата, а од полицијата најавуваат повеќе детали во текот на денот. 
 
Поради тешка сообраќајна незгода на патниот правец Штип - Велес М5, во прекин е сообраќајот во делот од Овчеполска раскрсница до Сарамзалино.
 
Во моментот се врши увид од сообраќајната полиција и се очекува нормализирање на сообраќајот за еден до два часа.