Маричиќ: Очекуваме што поскоро да се заврши текстот на амандманите за устевните измени
Сметам дека треба таа процедура треба да се почне пред летниот распуст на Собранието, изјави денеска Маричиќ пред почетокот на вториот панел на панел-дискусијата насловена „Патот кон 2030“.

Очекуваме што поскоро да се заврши текстот на амандманите за устевните измени и месецов да се проследат во Собранието, изјави вицепремиерот Маричиќ. Истакна дека очекува да се стигне рокот до ноември за гласање на уставните измени, но сепак динамиката ќе зависи од Собранието.
Сметам дека треба таа процедура треба да се почне пред летниот распуст на Собранието, изјави денеска Маричиќ пред почетокот на вториот панел на панел-дискусијата насловена „Патот кон 2030“.
Според информациите кои го добил од претставникот од СЕП во работната група, Маричиќ информира дека динамиката на работењето на оваа група се одвива добро и информира дека утре ќе имаат повторно средба.
Појасни дека претставникот на СЕП и претставникот на СДСМ имаат јасна насока да се држат исклучиво на тоа што го бара преговарачката рамка како тема и тоа што е неопходно за отворање на поглавјата и кластерите.
