Алкараз го освои четвртиот Мастерс во кариерата
08.05.2023 13:21
Шпанскиот тенисер ја освои четвртата титула сезонава и 10-та во кариерата. Ова е негова четврта победа на Мастерс турнирите.
Карлос Алкарас вчеравечер го победи Јан-Ленард Штруф на Мастерсот во Мадрид со 6:4, 3:6 и 6:3.
Шпанскиот тенисер ја освои четвртата титула сезонава и 10-та во кариерата. Ова е негова четврта победа на Мастерс турнирите. Тој никогаш не загубил финале на тоа ниво, станувајќи еден од тројцата играчи кои ги освоиле првите четири мастерс финалиња.
Поразениот во финалето во Мадрид, Штруф стана првиот тенисер кој одиграл шест натпревари во три сета на еден АТП турнир. По овој резултат тој ќе го подобри својот најдобар пласман, станувајќи 28-ми рекет на светот. Ова ќе му овозможи да влезе во главната ждрепка на Ролан Гарос.