Синдикалците од ДИЦ бараат прологинирање на матурата
Виси државната матура. Синдикалците од Државниот испитен центар кои се во штрајк бараат пролонгирање на роковите, бидејќи повеќе нема можност да се стигне со термините. За синдикатот е неприфаливо платите да им се покачат за само илјада денари. Инсистираат на измена на колективниот договор. Министерот за образование ги повика да се борат за своите права, но тоа да не биде на грбот на децата. Учениците се загрижени...

Синдикалците од Државниот испитен центар бараат промена на термините за полагањето на државната матура. Оттаму велат дека поради штрајкот, не може да се стигне со роковите. За нив е неприфатлива понудата за покачување на платата за 1.000 денари, како што предложило Министерството за финансии. Инсистираат на измена на Колективниот договор.
Матурантите ги поддржуваат во нивните барања, но токму тие ќе ги трпат последиците. Најзасегнати се околу 2.000 студенти кои планираат да ги продолжат студиите во странство.
Ресорниот министер Шаќири, останува на ставот дека предизвикот е на Министерството за финансии и дека треба час поскоро да се најде решение за да не се одолговлекува полагањето на државната матура. Тој повика обидот за остварување на правата да не се прекрши на грбот на ученици.
Првиот екстерен испит требаше да се одржи кон крајот на мај
Александра Велинова
