Ракомет

Тиквеш со победа против Еурофарм Пелистер

08.05.2023 13:23

Во натпреварот од плеј-офот во Битола, екипата на Тиквеш е победник против домаќинот екипата на Еурофарм Пелистер со резултат 25:30 на две кола пред крајот...

Во натпреварот од плеј-офот во Битола, екипата на Тиквеш е победник против домаќинот екипата на Еурофарм Пелистер со резултат 25:30 на две кола пред крајот. Тиквеш уште на стартот на натпреварот се одлепи на 5:8. Во второто полувреме предноста цело време беше на страната на Тиквеш, а прашањето околу победникот се реши по водството на гостите од 12:21.

Стефановиќ со девет голови беше најефикасен во победничкиот тим, на спротивната страна, Петровиќ беше најдобар поединец во вториот тим на Еурофарм Пелистер со 8 гола.