ЕУ ги зголемува санкциите кон Русија

13.05.2014 09:51

Во пакетот санкции кон Русија, шефовите на дипломатиите на западните влади воведоа и забрана за економско делување на дури две Кримски комппании од енергетскиот сектор. За кои компании станува збор засега нема информации...

Претседателските избори, а не референдум за независност е вистинското за жителите на Украина. Кетрин Ештон со директна порака по средбата на министрите за надворешни работи во Брисел. Унијата се изјасни дека вчерашното гласање е нелегитимно. Донесе неколку заклучоци и нови санкции. 

„ЕУ силно го поддржува одржувањето на слободни и фер украинските претседателски избори на 25 мај. Тоа е вистинаска можност на луѓето во Украина им се дозволи сами да ја изберат својата иднина. И на крај поради ситуацијата во Крим и десатбилизацијата во другите региони одлучивме да ги прошириме санкциите, односно да ја зголемиме листата со уште 13 лица на кои им е забранет влез во Унијата , и со тоа се бројката достигна 61“, изјави Кетрин Ештон, еврокомесар за надворешни работи и безбедност.

Во пакетот санкции кон Русија, шефовите на дипломатиите на западните влади воведоа и забрана за економско делување на дури две Кримски комппании од енергетскиот сектор. За кои компании станува збор засега нема информации.

Сепак Европската унија е многу претпазлива во проширувањето на санкциите кон Русија. 28 земји членки на Унијата во голема мера зависат од енергетските ресурси од Русија и стравуваат дека строгите трговски санкции кои би ги наметнале може да предизвика руска одмазда и длабоко би ги поткопала нивните економи,  кои сеуште се опоравуваа од финасиската криза.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник за МРТ од Брисел