Дигитализирана фотоархивата на Тито
29.11.2013 15:31
Целосната Фото-архива на Музејот 25 Мај во Белград, поголемиот дел речиси непозната, од денеска е дигитализирана и достапна на интернет. Го опфаќа периодот од 1947-1980 год. и се оценува како драгоцено историско сведоштво за патувањата и контактите низ светот на лидерот на поранешна Југославија-Ј.Б.Тито. Содржи материјали и за неговите посети во југословенските градови и средби со личности од Македонија.
Новиотот, побрз начин да се истражи историјата, е резултат на двегодишната работа на Музејот на Југославија.

- Дигитализирани се 150.000 фотографии, кои сега се на располагање на интернет заедницата, која може од било која точка на светот, да ги пребарува овие фотографии. Се надеваме дека и ние ќе добиеме одредени нови толкувања за овој значаен историски период.
Базата може да се пребарува и Македонија, според датуми, настани, градови и личности кои Тито ги посетувал -со што е можно надополнување и оркривање на нови податоци за историјата на Македонија,изгледот на градовите, објектите и тогашни политички личности-како Киро Глигоров, Колишевски и др.
Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ