Центар Жупа втора станица од турнејата на ЕУ-автобусот
13.05.2014 09:54
ЕУ-автобусот во следните денови треба да ги посети и Шемшево, Ростуше, Јосифово, Новаци, Студеничани, Истибања, Зрновци и Старо Нагоричане...

Автобусот на ЕУ, како дел од информативната кампања „ЕУ одблизу“ денеска е меѓу жителите на Центар Жупа.
Евроамбасадорот Аиво Орав вчера, по повод почнувањето на турнејата на ЕУ-автобусот, потенцира дека активноста е дел од програма за одбележување на 9 Мај - Денот на Европа и се одржува трета година по ред, бидејќи се покажа како многу успешен проект за доближување на ЕУ до локалното население.
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, пак ја подвлече и финансиската помош од Унијата за Македонија.
Заедно со претставници на Делегацијата на Европската Унија, во автобусот се и амбасадори на неколку земји-членки на Унијата, претставници на Владата, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (ИПАРД), како и локалната невладина организација Европско движење, студенти и претставници на медиумите.
ЕУ-автобусот во следните денови треба да ги посети и Шемшево, Ростуше, Јосифово, Новаци, Студеничани, Истибања, Зрновци и Старо Нагоричане. Прва станица на ЕУ-автобусот беше Општина Чашка, Велешко.
