Политика

Законските измени за коридорите во Собрание

08.05.2023 14:55

Законските измени за коридорите 8 и 10-д со европско знаменце во Собрание. Вицепремиерот Маричиќ тврди-се заобиколува нелегитимната блокада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски бара реакција од европски амбасадори...

Петте законски измени за коридорите 8 и 10-д што треба да ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ со европско знаменце се веќе во Собрание. И покрај предупредувањето од Делегацијата на ЕУ дека тоа е неоправдано, вицепремиерот Маричиќ не гледа ништо спорно. Тој вели-од политички аспект, имаме основа да се стави европско знаменце за да успееме да ги изградиме овие автопатишта коишто се дел од трансевропската мрежа на коридори. Маричиќ тврди дека имаат редовна комуникација со Европската Унија, каде што објасниле зошто го прават тоа.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, предупреди дека власта повторно го злоупотребува европското знаменце. Тој побара реакција од европските амбасадори и остана на ставот дека ќе се плаќаат пенали.

Од СДСМ, пак, тврдат дека законските измени ќе донесат и побрза реализација на проектите и заштеда на пари. Од партијата рекоа дека законте со европско знаменеце се и за коридорите и за проектите финансирани од ЕУ и од меѓународните финансиски институции.

Марина Стојанова Тонева