Норвежанка - прва жена шеф на „сини шлемови“ на ОН

13.05.2014 09:58

Педесет и шест годишната Лунд ќе биде првата жена командант на мировни сили на ОН...

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ја назначи Норвежанката генерал Кристин Лунд за шеф на силите на ОН за поддршка на мирот во Кипар.

Педесет и шест годишната Лунд ќе биде првата жена командант на мировни сили на ОН.

Таа во средината на август ќе го замени кинескиот генерал Чао Лју. Кристин Лунд има 34-годишен стаж во норвешката арммија и силите на ОН. Била заменик командант на норвешките копнени сили од 2007 до 2009 . Служела во силите на ОН во Либан и во поранешна Југославија.