Брисел

ЕК го осудува одбивањето на Македонија да го прими европратеникот Андреј Ковачев на нејзина територија

08.05.2023 18:38

Европската комисија го осуди одбивањето на властите на Македонија да му дозволат влез на Андреј Ковачев на наша територија...

Европската комисија го осуди одбивањето на властите на Македонија да му дозволат влез на Андреј Ковачев на наша територија.

Еврокомесарот Вархеји побара објаснување од Владата за ваквата сериозна одлука. Осуда стигна и од првиот човек на Европската народна партија, Манфред Вебер.

Граничната полиција во саботата на Ковачев и на уште четворица не им дозволи влез, оти ги навредуваат и омаловажуваат граѓаните и државата.