Италија
Голем пожар избувна во италијанска фабрика за алкохолни пијалаци
08.05.2023 21:25
Голем пожар избувна денеска во фабрика за производство на алкохолни пијалоци во италијанскиот град Фаенца во провинцијата Емилија Ромања...

Голем пожар избувна денеска во фабрика за производство на алкохолни пијалоци во италијанскиот град Фаенца во провинцијата Емилија Ромања, соопштија пожарникарите, кои ја евакуирале околината.
Вкупно 60 работници на итната помош го изгаснале пожарот кој зафатил 15 згради. Во моментов нема жртви, а областа во радиус од еден километар е евакуирана од пожарникарите како мерка на претпазливост, а 530 лица морале да ја напуштат околината. Причината за пожарот не е позната.
На терен поради густ чад е и провинциската агенција за заштита на животната средина АРПА.
