Србија
Голем протест во Белград „Србија против насилство“
08.05.2023 21:37
Вечерва околу 18 часот во Белград, пред Парламентот започна големиот протест наречен „Србија против насилството“...

Вечерва околу 18 часот во Белград, пред Парламентот започна големиот протест наречен „Србија против насилството“. Протестот се одржува како реакција на двата неодамнешни масакри.
Илјадници граѓани и претставници на опозицијата се собраа пред зградата на Собранието, каде беа прочитани барањата до Владата, а потоа тргнаа во мирна прошетка до владата на Србија. Никој од опозицијата не зборуваше на митингот.
