Скопје
Две малолетнички од струмичко се изгубиле во Скопје
08.05.2023 22:18
Две девојчиња од село Петралинци, Струмица, денес исчезнале во Скопје. Станува збор за Антонија Јанкова (12) и Радмила Иванова (14), кои заминале во Скопје на школска екскурзија...

Две девојчиња од село Петралинци, Струмица, денес исчезнале во Скопје. Станува збор за Антонија Јанкова (12) и Радмила Иванова (14), кои заминале во Скопје на школска екскурзија.
Последно биле видени кај Веро Џамбо, забележани се на видеоснимки од безбедносните камери, и по нив се трага од околу 16 часот.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките.
