мвр
Пронајдени малолетничките од струмичко што беа пријавени дека се изгубиле на екскурзија во Скопје
09.05.2023 08:06
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека вчера околу 23.50 часот на бул. Борис Трајковски во Скопје се пронајдени девојчињата од струмичко...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека вчера околу 23.50 часот на бул. Борис Трајковски во Скопје се пронајдени девојчињата од струмичко, за кои истиот ден околу 16 часот во СВР Скопје од нивната професорка беше пријавено дека се изгубиле на територија на Центар.
Веднаш по добиената пријава од страна на полициските службеници преземени се соодветни мерки и малолетничките се пронајдени, информираат од МВР.
