80 години од смртта на прилепчанецот Окјар, голем турски државник
Во Прилеп одбележани 80 години од смртта на прилепчанецот Али Фети Окјар, голем турски државник и близок соработник со Ататурк. Внукот кој го носи неговото име пристигна од Истамбул и вети соработка со Музејот кој го почна проектот за документирање на животот на прилепчанецот Окјар…

Прилеп одбележа 80 години од смртта на големиот турски државник Али Фети Окјар и близок соработник на Ататурк и го најави проектот за документирање на животот на овој роден прилепчанец за кого малку се знае кај нас.
Два пати бил премиер на Турција, петпати пратеник, претседател на турското собрание, дипломат. Внукот кој го носи негово име вети дека со ќе соработува со Музејот.
За прилепските локални власти ова ја продлабочува соработката со Турција. Градот ќе му оддаде почит на сограѓанинот Окјар.
Проектот на Музејот треба да биде готов до октомври во пресрет на 100-годишнината од прогласувањето на Република Турција.
Елизабета Митреска
