Временска прогноза
Облачно и посвежо време со врнежи од дожд
09.05.2023 08:27
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец...

Претежно облачно и посвежо време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 16 степени.
