Македонија

Се одбележува 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

09.05.2023 09:04

Делегации на покана на Владата, ќе положат цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот на „Ослободители на Скопје“ пред Владата, каде ќе има обраќања од претставниците на делегациите...

По повод 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Владата денеска организира одбележување на овие два значајни празника, со кои ќе се оддаде почит на хероите кои учествуваа во антифашистичката борба.

Делегации на покана на Владата, ќе положат цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот на „Ослободители на Скопје“ пред Владата, каде ќе има обраќања од претставниците на делегациите.

Денот на Европа, 9-ти Мај, е воспоставен како ден на сеќавање на Декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, што се смета за прв важен чекор во основањето на Европската Унија.

Земјава после 17 години кандидатски статус, минатата година на 19 јули, конечно формално ги започна претпристапните преговори со ЕУ со одржувањето на Првата меѓувладина конференција. Во тек се скринингот за усогласеноста на домашното законодавство со европското, што треба да се заокружи во ноември оваа година. Услов за продолжување на преговорите и одржување на Втората меѓувладина конференција со која ќе се отворат преговорите по кластери се уставните измени со внесување на Бугарите во Уставот.

Одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа следете го во живо на МРТ1.