Бранко Азески во посета на „Џонсон Мети“ во ТИРЗ Скопје 1
Претседателот на Националниот совет за извоз, Бранко Азески во посета на „Џонсон Мети“ во ТИРЗ Скопје 1, најголемата странска инвестиција во државата, каде ќе има работна средба со најголемите извозни компании во државата...

Претседателот на Националниот совет за извоз, Бранко Азески во посета на „Џонсон Мети“ во ТИРЗ Скопје 1, најголемата странска инвестиција во државата, каде ќе има работна средба со најголемите извозни компании во државата.
Од Стопанската комора велат дека во рамки на работната средба, Азески ќе ги претстави активностите кои во следниот период ќе бидат реализирани во рамки на Националниот совет за извоз, а заедно со останатите членови на Советот ќе ги слушнат и проблемите и предлозите адресирани од компаниите кои минатата година остварија најголем извоз.
