ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Груби знаеле дека изградбата на коридорите ќе чини поскапо
Според проекциите на ММФ, Македонија ќе има капитални инвестиции за 390 милиони евра помалку од владината проекција која се однесува за истиот период, но е направена неколку месеци подоцна...

Ковачевски и Груби знаеле дека изградбата на коридорите ќе чини поскапо, во собрание приложиле проценка за капитални расходи поголема за 390 милиони евра во однос на ММФ?! Проекциите за капитални расходи на ММФ за 2023-2027 за Македонија се пониски за 390 милиони од владините, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според проекциите на ММФ, Македонија ќе има капитални инвестиции за 390 милиони евра помалку од владината проекција која се однесува за истиот период, но е направена неколку месеци подоцна. Постои сомнение дека тие 390 милиони евра кои се јавуваат во владинитр проценки се парите кои власта утврдила дека ќе бидат потребни како дополнување на 1.3 милијарди евра за изградба на коридорите.
Од партијата нагласуваат дека Владата мора да одговори дали се изработи физибилити студијата и која сума ја покажаа таа? Кој е тој независен советник за финансиски трансакции избран на меѓународен тендер кој преговарал за договорот? И дали тоа всушност е Електра солушнс, фирмата за долна облека од Велес? Дали разликата која што се јавува во проекциите за капиталните расходи од 2023-2027 година којашто беше изработена од ММФ во октомври-ноември 2022 година врз база на консултациите со домашните власти и е пониска од проекцијата на Владата доставена до Собранието на 14.12.2022 година за 390 милиони евра? И дали тоа е првичната проценка за зголемената цена на коридорите, која власта ја знаела уште минатата година?
Дали проектот којшто во ноември вредеше 1,3 милијарди евра веќе во декември 2022 година чини 1,7 милијарди евра, со потенцијал да надмине над 2 милијарди евра заради презементи дополнителни обврски во форма на пенали со потпишаниот договор кој се крие од јавноста- стои во соопштението од опозициската партија.
