Партии

СДСМ: Победа над фашизмот и Европа се темелни вредности, секогаш на вистинската страна

09.05.2023 09:14

Победата над фашизмот отвори нов период во историјата, период на пријателство, соработка и интеграција, кое подоцна прерасна во обединета Европа. Токму победата над фашизмот и Европа се темелни вредности на СДСМ, соопштуваат од партијата.

На денешен пред 78 години беше победено едно од најголемите зла во современата светска историја. Победата над фашизмот отвори нов период во историјата, период на пријателство, соработка и интеграција, кое подоцна прерасна во обединета Европа. Токму победата над фашизмот и Европа се темелни вредности на СДСМ, соопштуваат од партијата.

Државноста на Македонија почива на антифашистичката борба, а полноправно членство во големото европско семејство е наша стратешка цел поставена уште на денот на независноста.

Нашите предци, во антифашистичката борба, со својот живот се вложиле во идеалот за слободна македонската држава. Нашата борба, сега е да се избориме за европска иднина на македонската држава.

СДСМ секогаш е на вистинската страна на македонската историјата, од процесот за мирно осамостојување и меѓународно признавање, па се до почеток на преговорите со Европската унија, стои во соопштението.