Македонија

Министерката Петровска на Меѓународниот саем за одбрана и безбедност во Атина

09.05.2023 09:19

Според организаторите, на Меѓународниот саем ќе учествуваат 346 изложувачи од 28 земји, ќе бидат прикажани новите системи за оружје, иновативните технологии и најновите достигнувања во областа на одбранбената опрема од домашниот и меѓународниот пазар, а се очекуваат посетители од 77 земји...

Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе учествува на Меѓународниот саем за одбрана и безбедност DEFEA 2023 што од денеска до четврток се одржува во Атина, а на маргините планирана е и средба со нејзиниот грчки колега Никос Панајотопулос.

Според организаторите, на Меѓународниот саем ќе учествуваат 346 изложувачи од 28 земји, ќе бидат прикажани новите системи за оружје, иновативните технологии и најновите достигнувања во областа на одбранбената опрема од домашниот и меѓународниот пазар, а се очекуваат посетители од 77 земји.

На Меѓународниот саем за одбрана и безбедност, освен од Северна Македонија и домаќинот Грција, се очекува да присуствуваат и надлежните министри од Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грузија, Италија, Романија и Словачка