САД се вкулуваат во потрагата по киднапираните нигериски ученички
13.05.2014 10:34
Лидерот на Боко Харам вчера преку видео снимка соопшти дека преобратил во ислам околу 130 девојчиња и во замена за нив...

САД се вклучуваат во потрагата по киднапираните нигериски ученички со авиони и сателит. Во земјата веќе се 30 американски експерти кои им помагаат на властите.
Лидерот на Боко Харам вчера преку видео снимка соопшти дека преобратил во ислам околу 130 девојчиња и во замена за нив, бара ослободување на заробени милитанти.
„Нашите разузнавачи го проверуваат секој детал од видеото за траги што може да ни помогнат за ослободување на девојчињата“, изјави Џеј Карни, портпарол на Белата Куќа.
