По 13-ти пат во Kинотека ќе се одржува Филозофскиот филмски фестивал
Филозофскиот филмски фестивал, кој ја промовира и негува мисловната, филозофско – естетичка димензија на седмата уметност, годинава по 13-ти пат ќе се одржува од 2 до 9 јуни во Кинотеката на Северна Македонија...

Филозофскиот филмски фестивал, кој ја промовира и негува мисловната, филозофско – естетичка димензија на седмата уметност, годинава по 13 – ти пат ќе се одржува од 2 до 9 јуни во Кинотеката на Северна Македонија. Ќе бидат прикажани четириесетина филмови, ќе се одржат педесетина настани, ќе има 18 гости и 20 учесници на Втората интернационална конференција „Филозофија и филм“.
Мотото на годинашното издание на фестивалот е „Се е во множина“, инспирирано од големиот француски филмски великан од новиот бран, Жан – Лик Годар за кого Фестивалот подготвува специјален сегмент „Фокус Годар“.
Богатата фестивалска програма е организирана во повеќе сегменти.
