МВР

Приведен разбојник од Скопје, одземеното вратено на сопственикот

09.05.2023 09:57

Тој се сомничи дека на 07.05.2023 околу 21.00 часот на ул. „Божидар Аџија“ физички го нападнал И.Д.(20) од Скопје и му одзел два мобилни телефони...

На 08.05.2023 во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Н.А.(24) од Скопје. Тој се сомничи дека на 07.05.2023 околу 21.00 часот на ул. „Божидар Аџија“ физички го нападнал И.Д.(20) од Скопје и му одзел два мобилни телефони. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.