ИЗРАЕЛ

Најмалку 12 загинати во воздушни напади во Газа

09.05.2023 10:01

Израелската армија соопшти дека убила тројца високи претставници на военото крило на радикалната палестинска група, Бригадите Ал Кудс...

Најмалку 12 лица се убиени, а 20 ранети во израелските воздушни напади врз цели на Исламскиот џихад во Појасот Газа. Израелската армија соопшти дека убила тројца високи претставници на военото крило на радикалната палестинска група, Бригадите Ал Кудс. Тројцата ги обвинува за неодамнешните ракетни напади. Исламски џихад е втората највлијателна вооружена група во Појасот Газа по Хамас, исламистичкото движење кое ја контролира енклавата.