Во Србија предадени 1.500 парчиња илегално оружје
09.05.2023 10:03
За оние кои нема да го сторат тоа до 8-ми јуни следуваат казни...

Српското МВР соопшти дека од почетокот на акцијата за предавање на илегално оружје биле предадени 1.500 парчиња, 50 илјади куршуми, над 100 бомби, зољи и друго. За оние кои нема да го сторат тоа до 8-ми јуни следуваат казни. Вчера Белград почна да ги спроведува заострените мерки по двете масовни убиства во училиште во главниот град и во близина на Младеновац. Претседателот Вучиќ најави уште построги ограничувања.
