ВИЕНА

Средношколец од Виена на Инстаграм се заканил дека ќе изврши масовно убиство

09.05.2023 10:28

Корисникот на таа социјална мрежа, за кого се верува дека е ученик во средно училиште, испратил фотографии од оружје и муниција на свој соученик и напишал дека сака да застрела неколку студенти, наставници, како и директорот...

Средношколец од Виена на Инстаграм се заканил дека ќе изврши повеќе убиства во училиштето каде што посетувал настава. Корисникот на таа социјална мрежа, за кого се верува дека е ученик во средно училиште, испратил фотографии од оружје и муниција на свој соученик и напишал дека сака да застрела неколку студенти, наставници, како и директорот.

Осомничениот имал детален план за напад на неколку училници во истото училиште.