САД

Ковачевски на средба со ОМД: Дијаспората активно придонесува за развој и промоција на татковината

09.05.2023 10:39

На средбата на која беше присутен и министерот за надворешни работи беа споделени ставови за придонесот на дијаспората во економскиот, општетствениот развој на нашата земја, како и во културата, уметноста, образованието.

Премиерот Ковачевски во рамки на работната посета на САД, се сретна со членови Одборот на Директори на Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

На средбата на која беше присутен и министерот за надворешни работи беа споделени ставови за придонесот на дијаспората во економскиот, општетствениот развој на нашата земја, како и во културата, уметноста, образованието.

Премиерот Ковачевски се заблагодари на ОМД за нивната улога во формирањето на Групата за Пријателство во Конгресот, а воедно со соговорниците споделија мислења и заложби за уште поголем поттик на дијаспората, посебно на младите генарции да продолжат да ги одржуваат врските со својата татковина и да земат активно учество во развојот на земјата и нејзина промоција во светот, соопштуваат од владината прес- служба.