Тенис

Ивановски напредуваше за две позиции на најновата АТП листа

09.05.2023 10:52

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски напредуваше за две позиции на најновата АТП листа. Калин сега има 92 бода со кои е на 459. место во рангирањето на поединечна конкуренција...

Зад своето име Калин сега има 92 бода со кои е на 459. место во рангирањето на поединечна конкуренција. Ова не е најдобриот пласман за Калин во кариерата затоа што пред неколку недели беше и на 457. позиција. Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски напредуваше за две позиции на најновата АТП листа.

Од останатите македонски тенисер зад Калин е Обрад Марковски на 1.127 позиција, потоа Горзад Србљак скокна за 46 места и сега 1.132, па следуваат Берг Бугариќ, Томислав Јотовоски и Стефан Мицов.

Новак Ѓоковиќ и понатаму е лидер пред Алкараз, Медведев, Руд и Циципас ја заокружуваат првата „петорка“.