Една година од враќањето на МПЦ- ОА во канонско единство
Комисијата со укажување кон владиците во Синодот. Цениме дека е потребно да се поведе дополнително внимание и воздржување од јавни настапи кои на несоодветен начин тангираат односи и прашања особено помеѓу истакнати претставници на високиот црковен клир...

Комисијата за односи со верските заедници преку соопштение потсетува дека помина една година од историскиот акт на Вселенската патријаршија со кој Македонската православна црква- Охридска Архиепископија влезе во канонско единство со останатите сестрински цркви.
Комисијата со укажување кон владиците во Синодот. Цениме дека е потребно да се поведе дополнително внимание и воздржување од јавни настапи кои на несоодветен начин тангираат односи и прашања особено помеѓу истакнати претставници на високиот црковен клир, бидејќи иако нивните гледишта можеби се разидуваат, нивните дела се и тоа како забележливи, а резултатите видливи.
Цениме дека е потребно општата, а особено црковната јавност да не биде доведена во состојба на инструирана пресметка, туку напротив поттикната на единство – пишува во дописот на Комисијата за односи со верските заедници.
