Собрание

Седница на Комисијата за уставни измени

09.05.2023 13:09

По конститутивната седница, прва средба на членовите на работната група за уставните измени...

По конститутивната седница, прва средба на членовите на работната група за уставните измени. Според најавите, се договара Деловникот за работа и насоките како ќе се работи на текстот на уставните измени. Пред две недели, за претседателка беше избрана Маргарита Цаца Николовска а за нејзин заменик Бајрам Положани.

Предлагач на уставните измени е Владата. Работната група ќе има задача да ја подготви предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот. По изготвувањето предлогот ќе биде доставен до Владата, која ќе треба да ја поднесе иницијативата во Собрание.

Како што вели вицепремиерот за евроинтеграции Маричиќ постапката треба да почне пред годишниот одмор на пратениците, за да може до ноември да бидат донесени, за што е потребно двотретинско мнозинство.