Студирање во странство е желба на една петтина од матурантите, покажува истражувањето на УГД
По повод Денот на Европа, на Универзитетот „Гоце Делчев“ имаше дебата ЗА и ПРОТИВ влез на државата во ЕУ, а беа презентирани резултати од истражувањето за плановите на матурантите од вардарскиот и трите плански региони на истокот. 70 насто од матурантите планираат да студираат, 21 процент имаат план за студирање во странство…

Студентите на УГД дебатираа за предностите и недостатоците од членството на Македонија во ЕУ. Единствен пазар, економска и политичка стабилност се аргументите за, а тимот против влез на државата во ЕУ излезе со факти дека нашето име, култура и историја не треба да се дел од преговарачката рамка.
Европските земји се посакувана дестинација за студирање. Истражувањето на правниот факултет на матурантите од цела територија источно од Вардар и самиот вардарски регион, покажа дека една петтина од матурантите планираат да студираат во странство, а со план за иселување се и оние кои нема да студираат
Најпривлечни земји за студирање во странство остануваат Словенија Бугарија и Грција, каде според матурантите се нудат квалитетни студиски програми.
Славица Величковска
