Жртви во израелски воздушни напади
13 лица се убиени, а 20 ранети во израелските воздушни напади врз цели на исламскиот џихад во Појасот Газа – соопштија палестинските здравствени власти...

13 лица се убиени, а 20 ранети во израелските воздушни напади врз цели на исламскиот џихад во Појасот Газа – соопштија палестинските здравствени власти.
„Ова е станбена зграда со цивили, како што можете да видите. Уништени се два стана и становите на врвот, и тоа додека сите спиеја – деца и жени“, изјави Мохамед ал-Зек, локален жител на Газа.
Израелската армија тврди дека убила тројца високи претставници на радикалното крило на палестинската група-бригадите ал Кудс, кои ги обвинува за неодамнешните ракетни напади. Палестинската милитантна група соопшти дека меѓу жртвите се и четири деца и најави дека ќе го возврати ударот.
„Одлуката да се одговори е донесена. Ќе има единствен палестински одговор на ова злосторство, кое беше насочено кон целиот палестински народ“, изјави Давуд Шехаб, претставник на исламсккиот џихад.
Исламски џихад е втората највлијателна вооружена група во Појасот Газа по Хамас, исламистичкото движење што ја контролира енклавата.
