Македонски албанец од Куманово загина во борбите во Сирија
13.05.2014 10:58
Аднан Реџепи е поранешен борец на Ослободителната народна армија (ОНА) од кризата во 2001...

Триесет и едногодишниот Аднан Реџепи од Куманово во саботата загинал во борбите во Сирија. Тој се борел против режимот на сирискиот диктатор Башар ал-Асад, објави порталот Алмакос.
Аднан Реџепи е поранешен борец на Ослободителната народна армија (ОНА) од кризата во 2001 во регионот на кумановско-карадачкиот регион, а во 2003 беше уапсен и осуден на четири години затвор, за поставување на бомба во центарот на Куманово.
