Македонија

МНР: Европратеникот Ковачев патувал заедно со лица кои биле ризик за МВР, затоа бил вратен од граница

09.05.2023 14:58

Од МНР појаснија дека во петчлената група, од која дел бил и Ковачев, имало лица за кои МВР има сознанија дека претставуваат ризик по јавниот мир и безбедност...

Македонското МНР му одговори на бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, кој од Скопје побара објаснување зошто викендов не му беше дозволен влез во земјава преку граничниот премин Ново Село.

Од МНР појаснија дека во петчлената група, од која дел бил и Ковачев, имало лица за кои МВР има сознанија дека претставуваат ризик по јавниот мир и безбедност.

„Европратеникот Ковачев не е меѓу нив, но надлежните служби донесоа таква одлука, поради групата со која патувал“, велат од нашето Министерство за надворешни работи.

„Секој европратеник, кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Северна Македонија“, му порача МНР на Ковачев, кој освен објаснување, од земјава побара и извинување.