Собрание

Опозицијата негодува, власта дообјаснува за оправданоста на европското знаменце за коридорите

09.05.2023 15:13

Незаконски, на мала врата, се носат законските измени за коридорите 8 и 10-д со назнаката за европско знаменце, став на опозицијата. Власта пак и покрај негодувањето на канцеларијата на ЕУ во Скопје, вели, со брзите законски измени ќе се заштедат пари во изградбата на делниците, а тие ќе дообјаснат зошто е потребно европското знаме на законските измени...

Опозицијата негодува, власта дообјаснува зошто за измени на Законите за изградба на коридорите 8 и 10-д е потребно европско знаменце. Создаваме можности за побрза и поевтина изградба на делниците, тврдат од власта. Носењето на законските измени е да на дозволиме да се повтори катастрофата со автопатот Кичево – Охрид, каде се пробија многу рокови – вели пратеникот Костовски.

Опозицијата најавува кривични пријави поради незаконско работење. На мала врата се туркаат закони кои на власта и одговараат и покрај противењето на европската унија.

Од Собранието без одговор зошто законите со европско знаменце, од приемот во законодавниот дом се ставени на расправа по само два, место пропишаните 10 дена. Европската унија веќе се изјасни дека конкретните закони за коридорите не се усогласени со стандардите на унијата и побараа дополнителни објаснувања од власта.

Миле Ристески