Австрија ќе отвори нов почесен конзулат во Битола

13.05.2014 11:03

Новиот конзул веќе ги најави можностите за поголема соработка помеѓу двете држави...

Република Австрија најави отворање на почесен конзулат во Битола, кој меѓу другото се очекува да ја интензивира соработката на вториот по големина македонски град со Виена.
 
За почесен конзул на Република Австрија во Битола назначена е д-р Валентина Илиева.
 
Битолскиот градоначалник Владимир Талески изрази големо задоволство што Австрија одлучила да отвори почесен конзулат во Битола и најави интензивирање на врските со Виена, која е збратимен град со Битола.
 
Новиот конзул веќе ги најави можностите за поголема соработка помеѓу двете држави, нагласувајќи го значењето за економскиот и научниот напредок.