МВР

Списоци со закани за ученици се појавија во скопски училишта

09.05.2023 16:39

12 годишен ученик на час во Основното училиште Кирил и Методиј во општина Центар, додека се разговарало за трагедијата во соседна Србија, почнал да пишува имиња на ученици...

12 годишен ученик на час во Основното училиште Кирил и Методиј во општина Центар, додека се разговарало за трагедијата во соседна Србија, почнал да пишува имиња на ученици.

Во полициската станица Центар извршен е службен разговор со него и неговите родители во присуство на стручен тим од Центарот за социјални работи, а известен е и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

И ученичка од основното училиште Кочо Рацин во истата општина направила список со закани за соученици. Случајот го пријавила 48 годишна жена, а известени се директорката на училиштето, Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од ресорното министерство.