Правда
Лога оствари средба со Дритон Небиу
09.05.2023 17:28
Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу...
Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу на која се разговараше за новиот предлог Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и реализација на мерката „конфискација“ во предметите „Трансмет“ „Империја“, „Плацеви на Водно“ и „Сашо Мијалков“.
Во дел од наведените предмети се евидентирани неправилности и пропусти во постапката и во извршувањето од страна на Агенцијата. Се надеваме дека со новиот закон ќе се надминат сите проблеми околу реализацијата на мерката „конфискација“.
