Германија

Десетици повредени во судар на автобус од Полска и камион во Германија

09.05.2023 18:30

Десетици луѓе се повредени во судир на автобус и камион во источната германска покраина, Бранденбург. Шест од нив се тешко повредени...

Десетици луѓе се повредени во судир на автобус и камион во источната германска покраина, Бранденбург. Шест од нив се тешко повредени.

До несреќата дошло кога камион што возел за Берлин се обидел да ја смени лентата меѓу Строков и Фридерсдорф, удрил во друг камион по што следувал судирот со автобусот.

Според полицијата, автобусот бил од Полска и во него се превезувале тинејџери и неколку возрасни лица. Патот е затворен, а од возачите е побарано да најдат други алтернативни правци.