МВР
Пукање во Визбегово попладнево, едно лице повредено
09.05.2023 18:43
Пукање доцна попладнево ги вознемирило жителите на Визбегово. Според првичните информации има и повредено лице...

Пукање доцна попладнево ги вознемирило жителите на Визбегово. Според првичните информации има и повредено лице. Настанот се случил дваесетина минути по 17 часот.
„А.Б. пријавил дека во Визбегово кон него пукал И.А. и го повредил“, велат кратко од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ова е втор ваков случај денеска. Претходно, пукање имаше во Батинци.
