Општина Центар

Ученици се заканувале со списоци со непосакувани ученици во „Кирил и Методиј“ и „Кочо Рацин“

09.05.2023 19:39

До директорите се дадени насоки на класните часови в понеделник, освен за изостаноците, да се разговара и за теми како пријателство, различности, но и за булинг со цел да се испитаат децата дали некое од нив е жртва на овој тип на вознемирување...

Според МВР, 12 годишник на час во Основното училиште Кирил и Методиј во Центар, додека се разговарало за трагедијата во Србија, почнал да пишува имиња на соученици. Сличен настан се случил и во Основното училиште Кочо Рацин, каде ученичка направила список со закани. И со обајцата е извршен службен разговор во полициската страница Центар, во присуство на родителите и стручни тимови од Центарот за социјални работи. Известен е и јавен обвинител. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во изјава за Македонската телевизија вели дека е поразговарано со директорите на училиштата и со претставниците на Министерството за внатрешни, а децата изјавиле дека списоците ги правеле поради шега.

Општина центар од МВР побарала поголемо полициско присуство во училиштата. До директорите се дадени насоки на класните часови в понеделник, освен за изостаноците, да се разговара и за теми како пријателство, различности, но и за булинг со цел да се испитаат децата дали некое од нив е жртва на овој тип на вознемирување. Дополнително, ќе се свикуваат родителски средби до крајот на неделава.

 

 

Марија Котовска