Свет

Мецола: Европското семејство е подготвено да се прошири, Украина треба да биде членка на ЕУ

09.05.2023 20:53

Поврзано со членството на Украина во Европската унија, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, во интервју за „Евровижн Њуз“ изјави дека ЕУ покажала единство во тешките времиња и дека европското семејство е подготвено да се прошири...

Поврзано со членството на Украина во Европската унија, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, во интервју за „Евровижн Њуз“ изјави дека ЕУ покажала единство во тешките времиња и дека европското семејство е подготвено да се прошири.

„Се наоѓаме во ситуација кога ЕУ јасно и гласно кажа дека Украина треба да биде членка на ЕУ. Мораме да правиме различни работи, Комисијата изнесе различни препораки. Морам да кажам дека Украина чекор по чекор се движи со импресивно темпо. Парламентот смета дека пристапните преговори треба да започнат што е можно поскоро“, рече Роберта Мецола.