Временска прогноза

Облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд

10.05.2023 08:09

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени...

Претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 16 степени.