Сообраќај

МВР: 140 санкции за брзо возење

10.05.2023 09:28

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.

Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 88 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 52 надвор од населено место, соопштуваат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апел до сите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.