Влада

Вицепремиерот Битиќи ќе се обрати на настан организиран од Националниот оператор на пазар на електрична енергија-МЕМО

10.05.2023 09:29

Македонската берза на електрична енергија денеска официјално стартува со работа...

Денеска, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ќе се обрати на настанот организиран од Националниот оператор на пазар на електрична енергија-МЕМО, по повод почеток со работа на македонскиот организиран пазар на електрична енергија, пазар ден-однапред.

 Свое обраќање ќе имаат и заменик-амбасадорот на САД во Македонија, Ерик Мејер, директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Артур Лорковски и управителот на МЕМО, Симон Шутиноски.