ДИЦ нема да се откажат од штрајкот, Шаќири е уверен дека матурскиот испит ќе се полага на 27- ми овој месец
Претставници на Синдикатот на Државниот испитен центар и на Министерството за финансии треба да разговараат и да се обидат да најдат заемно прифатливо решение за барањата за покачување на платите на вработените во оваа институција, поради штрајкот, под знак прашалник е ставено запазувањето на определените термини за одржување на државната матура...

Претставници на Синдикатот на Државниот испитен центар и на Министерството за финансии треба да разговараат и да се обидат да најдат заемно прифатливо решение за барањата за покачување на платите на вработените во оваа институција, а со тоа да се одблокира и нејзиното работење. Поради штрајкот, под знак прашалник е ставено запазувањето на определените термини за одржување на државната матура, а со тоа и запазување на роковите за упис на факултет.
Вработените во Државниот испитен центар велат дека нема да се откажат од штрајкот, додека не добијат согласност од Министерството за финансии за покачување на платите. И покрај нивните изјави дека нема шанса државната матура да се одржи во планираниот термин, министерот за образование Шаќири е уверен дека матурскиот испит ќе се полага на 27- ми овој месец.
